Нови погони на „Џонсон Мети“ во Македонија

Бунарџик кај Скопје

Британската компанија „Џонсон Мети“ денеска ќе пушти во употреба нови производствени погони во фабриката за катализатори во индустриската развојна зона „Бунарџик“. Се наведува дека инвестицијата изнесува 60 милиони евра со што вкупните вложувања на „Џонсон Мети“ во Македонија достигнуваат околу 120 милиони евра. Во полн капацитет, според очекувањата, би требало да работат 600 луѓе. Во минатата година продажбата на производите од фабриката во Бунарџик на Џонсон Мети изнесуваше 481 милион евра. Целото производство е намането за извоз, а компанијата е еден од најголемите извозници од Македонија.