Кина - приведен осомничен за нападот врз зграда на КП

Кинеската полиција соопшти дека привела осомничен за смртоносниот бомбашки напад што се случи во средата пред седиштето на владејачката Комунистичка партија во северниот дел од земјата.
Во серијата експлозии едно лице загина, а осум беа повредени.
Регионалната влада во провинцијата Шанџи соопшти дека Фенг Жијун е уапсен и оти тој ја признал вината. Се наведува дека 41-годишниот Жијун претходно бил осудуван на казна затвор во траење од 9 години поради кражба. Во неговиот стан биле најдени материјали за изработка на бомби и други докази.