Украина:7 дена за закон за лекување на Тимошенко во Германија

Членови на украинскиот парламент соопштија дека претставници на ЕУ му дале на парламентот рок од една недела да усвои закон кој ќе и овозможи на затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко да побара медицински третман во Германија, доколку Киев сака да го потпише Договорот за асоцијација со ЕУ во текот на месецов.
Заменик претседателот на парламентот Руслан Кошулински изјави дека поранешниот полски претседател Александар Квашњевски и поранешниот претседател на Европскиот парламент Пат Кокс им дале на законодавците рок до четврток.
Украина сака да го потпише Договорот за евроинтеграција на Самитот за источно партнерство на ЕУ, кој е закажан за крајот на месецов во Вилнус, Литванија.