Нови насилства во Ирак, над 30 загинати

Најмалку 30 луѓе загинале во вчерашните напади во Ирак. Во најкрвавиот инцидент, што се случи во Тармија, во двоен самоубиствен напад со автомобили бомби пред една воена база загинале најмалку 19 војници, а 40-ина биле ранети. Во Карбала 4 лица загинале, а 6 биле повредени во бомбашкиот напад врз шатор во кој се служела храна за аџии.