Сириза побара гласање за доверба на грчката влада

Грчката опозициска партија Сириза побара гласање за недоверба на конзервативната Влада на Андонис Самарас, што треба да се одржи до крајот на неделава. Според Сириза, вчерашната полициска акција пред зградата на поранешната грчка државна компанија за радио и телевизија (ЕРТ) била незаконска. Владата испиша црна страница во историјата на државната телевизија и на демократијата на нашата земја, се наведува во соопштението на Сириза. Портпаролот на Владата, Симос Кедикоглу, кој е поранешен новинар во ЕРТ, изјави дека евекуацијата претставува „воспоставување на законот“.
Полицијата од зградата на ЕРТ изнесе околу 50 поранешни вработени, кои во јуни се забарикадираа таму во знак на протест поради владината одлука за затворање на ЕРТ. Четворица од нив кратко време беа во притвор.
Во Атина вчера беа одржани и протести поради протерувањето на поранешните новинари и вработени од зградата на ЕРТ.