Дачиќ - србите да гласаат на повторените избори

Српскиот премиер Ивица Дачиќ упати апел до косовските Срби да учествуваат на локалните избори кои повторно ќе се одржат во северниот дел на Косовска Митровица, каде што во неколку единици резултатите од првиот круг беа поништени поради инциденти.
Членот на Централната изборна комисија на Косово Ненад Рикало изјави дека на 17 ноември ќе бидат одржани повторени избори во три избирачки места во Косовска Митровица.
Ако тие не учествуваат доволно масовно на изборите на 17 ноември, нивниот градоначалник ќе биде Албанец, изјави Дачиќ. Тој додаде дека Србите од северно Косово треба да учествуваат на изборите „не заради Владата во Белград, туку поради тоа што се работи за нивната судбина и судбината на нивните деца“.