Фазулах нов лидер на пакистанските талибанци

Пакистанските талибанци го избраа Мула Фазулах за нивен лидер на местото на убиениот Хакимула Мехсуд. Тој во минатата недела беше убиен во напад извршен со американско беспилотно летало. Фазулах е шеф на талибанската група во долината Сват и според некои наводи, го наредил нападот врз 16 годишната Малала Јусафзаи поради нејзиното залагање за поголемо образование на девојчињата во Пакистан.