Почнаа преговорите за нуклеарната програма на Иран

Во Женева денесака започна нова рунда разговори со цел олеснување на меѓународната загриженост околу нуклеарната програма на Иран.
Официјални преставници од Иран и од шестте светски сили САД, Русија, Франција, Велика Британија, Кина и Германија ќе разговараат два дена во Женева.
Пред разговорите денеска, иранскиот нуклеарен преговарач Јавад Зариф изјави дека евентуален договор ќе ја отвори вратата за ставање крај на деценискиот спор. Тој ова го изјави по доручекот со Комесарот на ЕУ Кетрин Ештон.
Дипломатите велат дека шестте земји сакаат да изнудат од Иран ограничувања на неговата нуклеарна програма во замена за олеснување на некои меѓународни санкции.
Дипломатите сметаат дека таквиот чекор на градење доверба ќе го отвори патот за понатамошни разговори на повеќе сеопфатен договор.