Турција да купи компатибилен систем како сојузник на НАТО

Главниот командант на НАТО во Европа, генералот Филип Бридлав

Главниот командант на НАТО во Европа, генералот Филип Бридлав ја повика Турција да купи систем за противракетна одбрана, кој ќе биде компатибилен со другите системи на Алијансата.
Тоа за НАТО е многу важно изјави генерал Бридлав денеска во Латвија.
Турција во септември соопшти дека поради цената ја одбрала кинеската компанина ЦПИМЕЦ за склучување договор вреден 3,44 милијарди долари, за набавка на системот што предизвика реакции кај сојузниците САД воведоа санкции кон оваа кинеска компанија поради кршење на ембаргата за извоз на оружје во Иран, Северна Кореја и Сирија.