Нова рунда разговори за иранската нуклеарна програма

Нова рунда разговори со цел олеснување на меѓународната загриженост околу нуклеарната програма на Иран треба да почне денеска.Официјални лица од Иран и претставници од шестте светски сили САД, Русија, Франција, Велика Британија, Кина и Германија ќе се сретнат во следните два дена во Женева. Претходно оваа недела, иранскиот нуклеарен преговарач Јавад Зариф изјави дека е можно постигнување на рамковен договор оваа недела. Зариф изјави дека неодамнешните разговори со нуклеарното надзорно тело на ОН, Меѓународната Агенција за атомска енергија биле позитивни, исто како и срдбите помеѓу техничките експерти за подготовка на разговорите во Женева. Дипломатите велат дека шестте земји сакаат да изнудат од Иран ограничувања на неговата нуклеарна програма во замена за олеснување на некои меѓународни санкции. Дипломатите велат дека таквиот чекор на градење доверба ќе го отвори патот за понатамошни разговори на повеќе сеопфатен договор.