Бразилската претседателка бара извинување од Вашингтон

Бразилската претседателка Дилма Русеф изјави дека ќе одела на закажаната посета во Соединетите Држави во октомври ако Вашингтон се извинил за шпијунажата од страна на Националната безбедносна агенција и доколку ветил дека тоа никогаш повеќе нема да го повтори.
Русеф ја откажа закажаната посета откако во јавноста се појавија информации за доверливи документи на поранешниот разузнавач Едвард Сноуден од кои стана јасно дека нејзините разговори со соработниците се прислушувале, дека Агенцијата упаѓала во компјутерските мрежи на бразилската државна нафтена компанија Петробрас и ги собирала податоците од електронската пошта и телефонските повици во земјата.