Турција го отвори преминот кон Сирија

Турција повторно го отвори граничниот премин со Сирија Онкупинар, на југот од областа Килис, којшто од безбедносни причини беше затворен седум недели. Граничниот премин беше затворен поради судири во соседната сириска област Азез во врората половина на септември. Повремено беше отворан само за конвоите со хуманитарна помош. Сега е отворен за сите. Истовремено од другата страна, ос страната на Сирија, отворен е преминот Еселем.