Ештон задоволна од средбата со Дачиќ и Тачи

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ , Кетрин Ештон изјави дека премиерите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, денеска во Брисел се согласија за следните чекори во изборниот процес и за спроведување на договорот за нормализација на односите.
„Задоволна сум што премиерите се согласија за следните чекори за завршување на изборниот процес во северно Косово. Приштинските власти ќе одлучат за специфични елементи на тој процес", се наведува во соопштението од канцеларијата на Ештон
Двајцата премиери се согласија да продолжат да работат врз Спогодбата за нормализирање на односите , а и двете страни се подготвени да ги исполни задачите што се пред нив, се вели во соопштението на Ештон.
Централната изборна комисија ги поништи изборите во три избирачки места во северна Митровица и донесе одлука да се повтори гласањето.