СДСМ - Кулата на Водно чини 27 милиони евра

СДСМ денеска повикувајќи се на информации од Бирото за јавни набавки, објави дека изградбата на Кулата на АЕК на Водно ќе чини 27 милиони евра.

Потпретседателот Дамјан Манчевски, презентирајќи четири договори за овој објект, на прес-конференција рече дека за изработка на проектот се потрошени 200 илјади евра и дополнително 48 илјади евра за ревизија на проектот.
Тоа што тежи 17 милиони евра е Договорот за изградба на антенски систем за контрола и мониторинг на радиофрекфенции.
Договор со градежната фирма Гранит. Но има и уште еден Договор за софистицирана електронска опрема во вредност од 9 милиони евра, изјави Манчевски.
СДСМ ги повика Владата и Агенцијата за електронски комуникации да одговорат колку точно ќе чини изградбата на Кулата на Водно и што ќе се мониторира со неа.