Ештон денеска со Дачиќ и Тачи за изборите на Косово

Високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон денеска во Брисел ќе се состане со премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи за да разговараат, меѓу другото, и за косовските избори. Ештон изјави дека силно го осудува насилството во одделни избиричаки места во сверена Митровица. Дачиќ најави дека една од темите на состанокот во Брисел ќе биде и можното поништување на изборите на северот на Косово, каде што на србите им било оневозможено да гласаат.