САД - изборите на Косово се одржаа и покрај насилството

Изборите во Косово се одржаа „и покрај заплашувањето и насилството чија цел е блокирање на демократскиот процес“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент. Претходно посматрачката мисија на Европската унија оцени дека неделните локални избори на Косово, со исклучок на северот, биле добро организирани и во демократска атмосфера. Ова се први избори во цело Косово, по осамостојувањето во 2008, на кои се бираа локални власти.