ЕУ: на Косово изборите главно добро организирани

Посматрачката мисија на Европската унија денеска оцени дека неделните локални избори на Косово, со исклучок на северот, биле добро организирани и во демократска атмосфера. Шефот на мисијата Роберто Галтиери изјави дека на северот на Косово имало закани кон избирачите. Тој додаде дека за време на инцидентот во северна Митровица кога маскирани напаѓачи ги уништувале гласачките кутии не биле доведени во опасност посматрачите на мисијата, бидејќи тие биле повлечени навреме.