Белорусија: ќе се гради првата нуклеарна централа во земјата

Белорускиот претседател Лукашенко потпиша декрет со кој се одобрува изградба на првата нуклеарна централа. Белоруските медиуми пишуваат дека сега е јасно оти конструкцијата ќе ја започне Атомстројекспорт, која е крило на атомската компанија Росатом. Централата на Астравјец во близина на границата со Литванија ќе има два руски реактори способни за генерирање на 2,4 гигавати електрична енергија.