Бугарија ќе го забрза процесот на протерување на мигрантите

Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветин Јовчев најави акциски план со кој би се забрзал процесот на протерување на економските мигранти од земјата.Јовчев рече дека имигрантите кои „немаат основа да бараат хуманитарен или бегалски статус“ ќе бидат протерани од Бугарија во рок од три дена.Оние чиј случај налага подетална истрага ќе бидат сместени во центри кои нема да можат своеволно да ги напуштаат, додаде Јовчев.Бугарија се надева дека бројот на имигрантите драстично ќе се намали од следната година благодарение на засилените мерки за безбедност по должината на границата со Турција,од каде што пристигнуваат најголем број имигранти во Бугарија. Во Бугарија само оваа година пристигнаа околу 8.800 имигранти, од кои 60 отсто Сиријци.