Албанскиот премиер Еди Рама во посета на Македонија

Во фицијална посета на Македонија денеска ќе престојува албанскиот премиер Еди Рама на покана на македонскиот премиер Никола Груевски. Планирани се и средби со претседателот Иванов, со претседателот на Собранието, Вељаноски, како и со лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи. Како што јавуваат албанските медиуми, на средбите, меѓудругото, ќе се разговара за унпаредување на билатералните односи, соработката во областа на економијата и трговската размена, за реализација на капитални инфраструктурни проекти, како и за европската перспектива и регионалната интеграција, кои се зацртани во стратегијата на двете земји. Ова е прва посета на Рама откако во септември ја превзеде премиерската функција.