Се повеќе договори во четири очи

Во првите 6 месеци од 2013 без оглас биле склучени договори за јавни набавки во вредност од 22,6 милиони евра, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации.
Наспроти порастот на бројот на тендери, опаѓа бројот на жалби по нив.
Според анализата на Центарот, државните институции се почесто бараат од фирмите да мораат да имаат остварено добивка во последните три години.
Малата конкуренција на тендерите го оневозможува одржувањето на е-аукциите и го зголемува бројот на тендери во кои договорот се склучува со единствената фирма понудувач.