Папуљас e за име за севкупна употреба

Грчкиот претседател Каролос Папуљас денеска во Тирана, меѓу другото со албанскиот претседател Бујар Нишани, разговарал и за проблемот за името со Македонија.

„Треба да се најде име кое ќе биде прифатливо за сите со географска одредница и за севкупна употреба. Ја поддржувам иницијативата за името „Славо албанска Македонија“,

изјавил Папуљас, пренесува онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“. Папуљас на денешната средба со Нишани, меѓу другото, искажал силна поддршка за европската интеграција на Албанија.