Избран привремен лидер на талибанците во Пакистан

Асматулах Шахин Битани

Пакистанските талибанци избрале нов привремен шеф по убиството на нивниот претходен лидер Хакимулах Мехсуд во напад со американско беспилотно летало во Северен Вазиристан. Радио Слободна Европа, Радио Машаал јави дека станува збор за Асматулах Шахин Битани. Пакистан упати официјален протест поради нападот со образложение дека тоа ќе ги наруши обидите за мировни разговори со талибанците. Премиерот Наваз Шариф најави преиспитување на односите меѓу Исламабад и Вашингтон.