Марш на руските националисти

Неколку илјади руски националисти се собраа денеска во Москва во текот на одбележувањето на „Денот на националното единство“ за да протестираат против имигрантите во земјата. Денеска во Русија е празник кој е востановен пред 8 години во знак на сеќавање кога во 1612 година Москва била ослободена од полските војници. Демонстрантите носеле знамиња на поранешното руско царство. Преземени беа големи полициски мерки за безбедност.