ЕУ ги осуди изборните инциденти на северот на Косово

Маја Коцијачиќ, портпарол на високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон соопшти денеска дека Брисел ги осудува насилствата во текот на изборите на северот на Косово. Таа оцени дека инцидентите го нарушиле добро водениот изборен процес на Косово. „Внимателно го следиме развојот на настаните. Нашата изборна посматрачка мисија ќе ги изнесе првичните проценки на утрешната прес конференција“, се наведува во соопштението. Маскирани напаѓачи вчера го уништиле избирачкиот материјал во три гласачки места во северна Митровица.