Шефовите на ОН и на Светска банка во Африка

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким денеска ќе го посетат регионот Сахел како поттик на економскиот развој и политичките реформи. Регионот Сахел го сочинуваат земји во јужниот дел на Сахара, меѓу кои Нигер, Буркина Фасо и Чад. Обединетите нации соопштија дека таму гладуваат над 11 милиони луѓе, меѓу кои и 5 милиони деца.