Протест по повод посетата на Папуљас на Тирана

грчкиот претседател Карољос Папуљас

Здружението на протераните Албанци од Грција „Чамерија“ за денеска најави мирен протест пред претседателската резиденција во Тирана каде што престојува грчкиот претседател Карољос Папуљас. „Посетата на Папуљас на Албанија е најдобар начин здружението „Чамерија“ да им стави до знаење на највисоките грчки инситуции дека проблемот на Чамите постои и оти времето не чека за негово решавање“, изјави претседателот на здружението Ардиан Тана. При неодамнешната посета на Тирана, шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос изјави дека првпат слуша за некаков проблем со Чамите. Папуљас кој вчера пристигна во Албанија, имаше средби со лидерот на партијата на грчкото малцинство Вангел Дуле, кој е и потпретседател на албанскиот Парламент како и со поглаварот на Албанската афтокефална православна црква Јанулатос.