Кери во посета на Саудиска Арабија

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Саудиска Арабија, каде за време на средбите со лидерите на земјата се очекува да се обиде да ги поправи односите со долгогдишниот сојузник, кои беа нарушени поради несогласувањата за конфликтите во Египет и Сирија.
За време на вчерашната посета на Каиро, Кери изјави дека „маршот кон демократијата“ на Египет е единствениот пат за стабилност и економски просперитет на земјата.