Избран новиот лидер на талибанците во Пакистан

Кан Саид Сајна

Пакистанските талибанци го избраа Кан Саид Сајна за нивен нов лидер, кој ќе го замени Хакимулах Мехсуд, кој вчера загина во напад на американско беспилотно летало. Талибанците се уште официјално не ја потврдија информацијата. Сајна се верува дека е организаторот на нападот врз затвор во северозападниот дел на Пакистан при кој беа ослободени речиси 400 затвореници во минатата година, како и на нападот на база во Карачи во 2011 година.