Осомничено 23 годишно момче за нападот во Лос Анџелес

Аеродромот во Лос Анџелес

Американските власти соопштија дека 23 годишниот Пол Цијанција е осомничен за нападот на аеродромот во Лос Анџелес при кој загина едно лице, а седум беа повредени. Полицијата соопшти дека Цијанција бил повреден при апсењето и сега се наоѓа во притвор. Шефот на аеродромската полиција Патрик Ганон изјави дека верува оти осомничениот сам го извршил нападот. Сите летови на аеродромот по инциденот биле откажани или одложени.