Сноуден сака да сведочи во Конгресот на САД

Едвард Сноуден во Москва, 31.10.2013.

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден побарал меѓународна помош во убедувањето на Соединетите држави да се откажат од судски процес против него. Ова денеска во Берлин го изјави пратеникот на германската еколошка партија Ханс Кристијан Штребеле кој претходно се сретнал со Сноуден во Москва. Сноуден му рекол дека сакал и да сведочи пред американскиот Конгрес во врска со тајните следења на Агенцијата за национална безбедност.