Германија очекува соработка од Сноуден за шпионирањето

Едвард Сноуден и Ханс Кристијан Штробле, Москва, 31.10.2013

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих изјави дека ќе се обиде да организара состанок меѓу германските истражители и Едвард Сноуден доколку тој сака да зборува за американското прислушкување на канцеларката Ангела Меркел. Германскиот пратеник Ханс Кристијан Штробле, кој вчера во Москва се состанал со Едвард Сноуден, изјави дека тој ќе помогнел во истрагата на Берлин. Сноуден изразил готовност да понуди докази за аферата.