Сноуден ќе помогнел во германската истрага за американското прислушкување

Едвард Сноуден и Ханс Кристијан Штробле, Москва, 31.10.2013

Германскиот пратеник Ханс Кристијан Штробле, кој вчера во Москва се состанал со Едвард Сноуден, изјави дека тој ќе помогнел во истрагата на Берлин за американското прислушкување на канцеларката Ангела Меркел. Сноуден изразил готовност да понуди докази за аферата. Едвард Сноуден, кој има привремен азил во Русија, е обвинет во Соединетите Држави за шпионажа поради откривањето на детали од американската програма за следење.