Земјотрес на Тајван, нема повредени

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погодил источен Тајван. Епицентарот на земјотресот бил во планинските предели, но бил почувствуван и во главниот град Тајпеј. Нема извештаи за повредени и нема закана од цунами.