Десет грчки полицајци поврзани со криминалот на Златна Зора

Истрагата на внатрешната контрола на грчката полиција поврзала десет полицајци со криминални активности на неонацистичката партија Златна зора, соопштија денеска локалните власти.
Министерот за јавен ред Никос Дендиас наложи истрага на крајот на септември, откако некои полицајци биле обвинети за прикривање или толеранција на илегалните активности на неонацистичката партија.