Дали Кеплер-78б е сестринска планета на Земјата

This artist's rendition released NASA October 30, 2013 shows Kepler-78b orbiting its parent star.


Научниците во САД откриле планета слична на Земјата надвор од нашиот соларен систем. Таа не само што е со слична големина туку има и исти пропорции на железо и карпи, клучен чекор во потрагата да се најде потенцијално погодни сестрински светови.
Планетата, позната како Кеплер-78б, кружи околу ѕвезда која е нешто помала од сонцето и се наоѓа во соѕвездието Лебед, околу 400 светлосни години далеку од Земјата.