Американскиот претседател Барак Обама презема „целосна одговорност“ за проблемите со испадите поради преоптовареност на веб сајтот на неговата администрација за новото здравствено осигурување. Министерката за здравство и социјални услуги Кетлин Сибелиус им се извини на незадоволните граѓани кои се обидуваат да се регистрираат за здравствена заштита и пред конгресната комисија рече дека таа е одговорна за пропустите. Обама и Сибелиус ги бранат промените во здравствениот систем, кои имаат цел да им обезбедат државна здравствена заштита на милиони Американци. САД се најголемата развиена земја без државен здравствен систем.