ЦСКА Москва казнета поради расистички навредувања на Јаја Туре

Јаја Туре од Манчестер Сити и Сергеј Игнашевич од ЦСКА Москва на мечот од Лигата на шампиони во Москва на 23 октомври 2013.

Рускиот фудбалски клуб ЦСКА Москва треба да затвори дел од стадионот на следниот натпревар од Лигата на шампионите што ќе го играат на домашен терен. Европската фудбалска федерација УЕФА ја казни ЦСКА поради расистички навреди на нивните навивачи кон фудбалерот Јаја Туре од Манчестер Сити на минатонеделниот натпревар. УЕФА исто така соопшти дека директорот на стадионот на ЦСКА е „ослободен од должноста“, поради тоа што преку разгласот не ја повикал публиката да престане со расистичките навреди, како што предвидуваат упатствата на УЕФА. Судијата на натпреварот е ослободен од вина.