Временска прогноза - Сончево со мала до умерена облачност

Илустрација.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура се движи од еден до седум, а дневната од 19 до 24 степени. Во Скопје дневната температура ќе се искачи до 22 степени.

До недела ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со појава на слаба утринска магла.

Промена на времето се очекува во почетокот на наредната недела, кога ќе има зголемување на облачноста со појава на локален дожд.