Кацин: ЕУ подготвена да ја преземе одговорноста од Нимиц

Јелко Кацин

„Во ситуација сме да немаме доволно влијание врз Грција, а врз Македонија немаме никакво влијание. Ние во Европската унија сме подготвени да ја преземеме одговорноста од рацете на амбасадорот Нимиц и да го водиме процесот. Но мораме да имаме гаранции дека премиерот Груевски е подготвен да го стори тоа„. Ова, како што јавува МИА го изјавил словенечкиот пратеник во Европарламентот Јелко Кацин кој со група европартеници учествуваше на состанок во Вашингтон за перспективите на Источна Европа. Кацин кој е известувач за Србија оцени дека состојбите со спорот за името не се зрели за решение и оти затоа во врска со приемот на нови членки на самитот на НАТО во Лондон догодина ја спомнал само Црна Гора.