Убиен племенски старешина со семејството во Пакистан

Провинцијата Белучистан.

Провладин пакистански племенски старешина и уште шест членови на неговото семејство се убиени во југозападниот дел на Пакистан. Непознати вооружени напаѓачи упаднале во домот на Дара Кан во покраината Белучистан и го убиле него, неговата сопруга, синот, снаата и три внучиња. Напаѓачите избегале по убиствата. Засега никој не презеде одговорноста за нападот. Покраината е дом на сепаратисти кои се борат за независност и за поголем дел од профитот од нафта, гас и минерални ресурси во регионот.