Египет - уапсен истакнат член на Муслиманското братство

Приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси.

Есам Ел Ериан, истакнат член на Муслиманското братство во Египет е уапсен, јавуваат западните и египетските медиуми. Според нив тој утрово бил однесен во притвор. Ова е најновото апсење во владина акција против исламистичкото движење откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Тој беше соборен на 3 јули по масовните протести против неговото владеење. Муслиманското братство е забрането, а стотици членови притворени. Најмалку 1.000 луѓе загинаа во насилствата по соборувањето на Морси.