Катимерини: Атина го заострува ставот за името

Атина го заостри ставот за името на ПЈРМ, е насловот на анализата во грчкиот весник Катимерини, во која се наведува дека двете страни се согласиле со географска одредница, но имаат различни ставови за тоа каде да стои. Според весникот, се проценува дека конечното име ќе биде Република Горна Македонија или Република Северна Македонија. Новата рунда преговори со посредство на медијаторот Метју Нимиц беше со цел да се одржи динамиката, но не и да се даде нов предлог, наведува Катимерини.