Истанбул доби тунел под Босфорот

Турција ги поврза својот европски и азијски дел со железнички тунел, кој е пуштен во употреба денеска. Властите проценуваат дека низ тунелот ќе се превезуваат околу милион ипол луѓе дневно и со него значително ќе биде олеснет сообраќакот низ Истанбул. Преминот меѓу азијскиот и европскиот дел досега се одвиваше само преку двата моста. Тунелот е долг 13.6 километри, од кои 1,4 километри се под Босфорот, а е на длабочина од 55 метри.