Саакашвили на средби во Брисел

Грузијскиот претседател во заминување, Михаел Саакашвили, денеска во Брисел ќе разговара со лидерите на Европската Унија, како дел од подготовките за самитот на Унијата во наредниот месец во Виљнус, посветен на источното партнерство. На самитот Грузија се надева на потпишување договор за асоцијација и за слободна трговија. Саакашвили оцени дека тоа ќе биде и симболичен завршеток на неговата претседателска кариера. На неделните претседателски избори во Грузија победи кандидатот на владејачката коалиција Грузијски сон, Ѓорѓи Маргвелашвили.