Трилатерални разговори во Лондон

За време на трилатералните разговори во Британија денеска, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ќе изврши притисок врз Пакистан да ја открие локацијата на поранешниот талибански командант Мула Абдул Гани Барадар.
Во пресрет на состанокот во Лондон, портпаролот на Карзаи изјави дека Кабул побарал објаснувања од Исламабад за точните засолништа на Барадар. Портпаролот изјави дека дека клучниот поранешен талибански лидер е сеуште под "строг надзор" од страна на пакистанските власти. Мула Барадар беше ослободен од пакистанските притвор во крајот на септември. Но тој наводнo e уште во домашен притвор во внатрешноста на Пакистан. Пакистан ја отфрли поранешната изјава на авганистански талибански претставник дека Исламабад не го исполнил ветувањето дека ќе го ослободи нивниот поранешен командат.
Инаку денеска Карзаи ќе се сретне со пакистанскиот премиер Наваз Шариф и неговиот британски колега Дејвид Камерон.