Во Виена и утре преговори за иранската нуклеарна програма

Претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија и на Иран, по денешниот состанок во Виена, преговорите за иранската нуклеарна програма, ќе ги продолжат и утре. Од денешната рунда разговори нема официјално соопштение. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели, а меѓународната заедница бара цврсти докази за таквото тврдење.