Силна бура ги погоди Британија, Франција и Холандија

архива

Силна бура ги зафати Британија, северна Франција и Холандија и притоа загинаа најмалку 3 луѓе.
Според властите околу 270 илјади домови останале без електрична енергија кога ветер со 160 километри на час ги погоди Англија и Велс.
Беа откажани и повеке возови и авионски летови.