Разговори Белград и Приштина в среда во Брисел

Aрхива

Делегации на Србија и Косово задутре со посредство на Европската унија во Брисел ќе се состанат за да ги надминат разликите околу локални избори на Косово кои ќе бидат одржани на 3 ноември.
Според српски медиуми, има спорови околу изгледот на гласачките ливчиња, непрочистените избирачки списоци, учеството на Србите во работата на Централната изборна комисија, но и блокадата за посета на српски официјални лица во Косово.