ФИФА бара Русија да се справи со расизмот

Светската фудбалска федерација ФИФА бара гаранции од Русија дека нема да има испади на расизам за време на натпреварите. Шефот на федерацијата Сеп Блатер рече дека се уште се предвидува во Русија да се одржат финалните натпревари од Светскиот куп во 2018 година, додавајки дека мора да се превземат мерки за справување со расизмот. Се очекува прашањето да биде покренато за време на посетата на претставник на ФИФА во Москва.